Три месеци откако група пратенички ги поднесе измените за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, тие сè уште се без собраниска расправа. Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека чека мислење од Владата.
Собранието е подготвено да закаже вендаш итна седница на која ќе се дебатира за насилството врз жените и за фемицидот и ќе се донесарт конкретни законски измени со кои во иднина многу построго ќе се санкционираат сите оние што имаат намера да прават насилство врз жените.
Во врска со законот за правична застапеност, за кој е потребно и Бадентерово мнозинство претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека се разговара со партиите на Албанците, се прават обиди за решение и дека законот ќе биде донесен.