Бројот на загинати во саудиските воздушни напади врз Јемен се зголеми на 33, додека 39 лица се повредени, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници Хути. Првичните информации говореа за најмалку 22 загинати и 30 повредени.
Во нападот врз селото ал-Шарија, во близина на главниот град Сана, повредени се уште 36 лица. Хутите ја обвинуваат Саудиска Арабија, додека обновените судири ја зголемуваат опасноста од нова ескалација на долгогодишната војна.
Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“. Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите.
Најмалку 33 лица загинаа, а околу 40 се повредени при саудиски воздушни напади во регионот на јеменскиот главен град Сана, кој е под контрола на проиранските шиитски бунтовници Хути. Според извештаи на медиумски блиски до бунтовниците, нападите на „саудискиот непријател“ се ...
Најмалку 27 лица загинаа, а уште 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото ал-Шарија, во близина на главниот град на Јемен, Сана. Според соопштението на портпаролот на Министерството за здравство, кое е под контрола на Хутите, повеќето од загинатите се жени и деца, ...