Пишува : Ирена МУЛАЧКА Жената повторно жртва на машката сила. Овојпат во Охрид. Младата Сара била претепана до бесознание од нејзиниот дечко Кристијан Корубоски, кој е син на поранешна антикорупционерка и инспектор во УЈП.
Одговорноста за ваквите случаи е системска, политичка и колективна – велат граѓанските организации, оценувајќи дека таа произлегува од длабоко вкоренета мизогинија, од нееднаквата распределба на моќта, во која женската слобода сè уште се третира како нешто за кое одлучуваат ...
Мрежата за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство прашуваат: „Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените?“.