Високиот крвен притисок најчесто го поврзуваме со здравјето на срцето, но и бубрезите играат важна улога во неговата регулација. Всушност, покачениот крвен притисок може да биде еден од првите знаци дека бубрезите не функционираат како што треба.
Покачениот крвен притисок не е поврзан само со здравјето на срцето. Лекарка предупредува дека може да биде и ран сигнал за нарушена функција на бубрезите, поради што редовните контроли и лабораториските анализи се особено важни.
Бубрежните заболувања во раните фази обично немаат симптоми и обично се откриваат случајно. Високиот крвен притисок може да биде еден од ретките знаци што можат да се измерат, бидејќи оштетените бубрези имаат потешкотии да ја регулираат солта и водата во телото.