Погрдни зборови за обвинителката Фатиме Фетаи, скандирање УЧК и барања да се разреши Фетаи и да има правда во „Монструм“, каде според демонстрантите, се гонат невини луѓе, беа упатени на денешниот протест за овој случај.
Мал дел од демонстрантите на протестот за судскиот случај „Монструм“, на заминување кон Чаир, превртуваа контејнери на булеварот „Цветан Димов“ кај ТЦ Мавровка. Сцените се одвиваа по завршувањето на протестот.
Членови на семејствата и поддржувачи на обвинетите во случајот „Монструм“ денеска одржуваат протест пред Oсновнот јавно обвинителство.Протестот започна во 13:30 часот од паркот во Чаир, а учесниците носат транспаренти и знамиња.
Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште, Обвинителството побара највиоски казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради протест најавен да почне во 13.30 часот од парк Чаир до Oсновното јавно обвинителство, во траење од три часа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.