КК Работнички одново е санкциониран од страна на надлежните во КФМ и одново ќе плати висока парична казна поради плукање кон службените лица и тоа во висина од 30.000 денари. Клубот ќе мора да плати плус 30.000 денари поради фрлање на тврди предмети на мечот против Кожув.
Дисциплинските комисии при КФСМ изрекоа парични санкции за Работнички, Скопје и МКК Куманово. Работнички е клубот со највисока казна, па од клупската каса ќе треба да бидат издвоени 60.000 денари. Причина за ваквата одлука се два одделни прекршоци – плукање кон службени лица, за ...