За две години, трошоците за живот пораснале за 8.500 денари, а платите за не повеќе од 3.000 денари. Куповната моќ на граѓаните сè повеќе се намалува, а еден работен час на минимална плата денес вреди околу 150 денари – доволно само за ѓеврек и јогурт.
Минималната плата во Македонија треба да биде повисока од 600 евра, бидејќи и со овие примања работниците тешко ги покриваат основните животни трошоци, смета претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.
Растот на цените на храната, сметките и кириите сè повеќе го намалува животниот стандард на граѓаните. За само две години, трошоците за живот се зголемиле за 8.500 денари, додека платите пораснале за не повеќе од 3.000 денари.