При акциска сообраќајна контрола насочена кон санкционирање на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина, за шест часа биле констатирани 708 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Контролата била спроведена вчера, во периодот од 11 до 17 часот, на ...
Осум возачи биле уапсени во изминатото деноноќие на различни локации низ државата, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
Полицијата постапувала против повеќе возачи низ земјава кои управувале возила без положен возачки испит, без стекнато право на управување или под дејство на алкохол. Меѓу случаите е и 29-годишен битолчанец кај кого биле измерени дури 3,23 промили алкохол во крвта.