Јужен Либан се соочува со неизвесна иднина, бидејќи мандатот на мировната мисија на Обединетите нации (УНИФИЛ) истекува на крајот на годинава, а сè уште нема договор за тоа кој ќе ја преземе одговорноста за безбедноста во регионот, пишува „Асошиејтед прес“ .
Мандатот на мировните сили на Обединетите нации во Либан истекува на крајот на 2026 година, но сè уште нема договор за тоа кој ќе ја преземе нивната улога. Заминувањето на околу 7.500 мировници би можело да остави безбедносен вакуум во јужниот дел на земјата, каде што сè уште се ...
