Aпсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој зел вкупно 50. 000 евра поткуп e најматен настан месецов покажува „Бистро-Матно“ барометарот на Транспаренси Интернешнл–Македонија.
Декември помина во знак на сериозни корупциски сомнежи, институционални пропусти и системски слабости, покажува „Бистро-Матно“ барометарот на Транспаренси Интернешнл–Македонија. Најматен настан месецов е апсењето на поранешниот државен правобранител ...
Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.