По натпреварот со Естонија, селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, посочи дека националниот тим се наоѓа во процес на создавање, соочен со голема генерациска промена и со значително присуство на млади кошаркарки.
Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, верува дека младата селекција има потенцијал за напредок и за подобри резултати и покрај убедливиот пораз од Естонија (51:86) во претквалификациите за Евробаскетот 2029.
Виктор Петровски значително ја подмлади најсилната женска репрезентација на Македонија за двата натпревари во претквалификациите за Европско првенство, па иако беа претрпени два порази, селекторот верува дека овие девојки можат да понудат далеку повеќе во иднина.