Пред МВР на вчерашниот протест поставивме симболичен гроб за 57 убиени жени од 2017 година до денес, зашто сметаме дека полицијата ја има една од главните улоги во фемицидите што беа извршени во Македонија, со нивното нереагирање на пријавите и со нивното третирање на жртвите во ...
Мрежата за заштита од дискриминација испрати лично адресирани писма до сите пратеници, членовите на Владата, премиерот и претседателката на државата, со барање за исполнување на шесте барања за подобрување на системот за превенција и заштита од насилство врз жените.
Трет протест за помалку од три недели, а ветувањата на институциите сè уште не се исполнети. Барањата имаат конкретни рокови, суми и законски измени. Со минута молчење во спомен на убиените жени, движењето „Ниту една повеќе“ вчера вечер со протестен марш низ центарот на Скопје ...
Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува. Истовремено, наместо да се унапредува системот за превенција и заштита од насилство, ...