Глобалниот пазар на автомобили поминува низ една од најголемите трансформации во својата историја. Електричните возила веќе не се само алтернатива за мала група потрошувачи, туку стануваат сериозен дел од автомобилската индустрија.
Извозот на патнички автомобили од Кина во третото тромесечје порасна за 72 проценти во споредба со лани. Кај приклучните хибриди, извозот пораснал 172 проценти, кај батериските електрични возила 135 проценти. С поред известувањето што Бернштајн го испратија до инвеститорите, ...
Бројот на регистрациите на електрични возила во светот продолжи да расте во првите девет месеци од годината, според студијата на консултантската фирма PwC што ги испитуваше главните пазари, објави германската новинска агенција dpa.
Батериските електрични автомобили (БЕВ) освоија 34 проценти од пазарот на нови автомобили на 12-те најголеми пазари во Европа во октомври. Овој рекорден удел врши притисок врз добавувачите, а ги јаде и маржите на производителите на автомобили.