На 46-годишна возраст, Роналдињо призна дека 45-те минути му поминале пребрзо, а на прашањето дали повторно ќе заигра, остави отворена можност за продолжување. „Сè зависи од претседателот. Ако ме повика, ќе се вратам. Играњето ме прави среќен.
Роналдињо се врати на фудбалските терени после повеќе од десет години и предизвика вистинска манија во италијанскиот фудбал со својот официјален кам-бек, а 45-те минути кои ги одигра како член на Равена понудија безброј видео компилации на социјалните мрежи.
Равена доживеа неверојатно попладне благодарение на Роналдињо. Стадионот „Бенели“ беше исполнет до последно место, додека ентузијазмот се пренесе и надвор од Италија, бидејќи натпреварот се пренесуваше и на „Тајмс Сквер“.
На 46-годишна возраст, Роналдињо се подготвува да се врати во натпреварувачкиот фудбал, а привлече внимание уште пред првиот натпревар. Снимките од неговата работа со топката ги потсетија навивачите на техниката што го направи еден од најомилените играчи во светот со години.