ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати нова остра реакција кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја застапува политиката на официјална Софија и дека инсистира на уставни измени кои, според партијата, се спротивни на македонските национални интереси.
Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди, ...
Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ...