Министерството за внатрешни работи се огласи околу денешното апсење на лидерот на младината на Левица, Андреј Куцуловски, кој на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел во СЦ „Јане Сандански“ развеа знаме на Палестина.
Политичката партија Левица преку објава на Фејсбук информираше дека е приведен нивниот претседател на младинското движење Андреј Куцуловски откако за време на ракометен натпревар во спосртската сала Јане Сандански го истакнал палестинското знаме.
Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ”Јане Сандански” каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Р.С.Македонија и Израел, А.К.(28) истакнал знаме од Палестина.