Атина – Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, денес во Атина изјави дека со нетрпение очекува соработка со новите српски власти со цел да се интензивираат напорите на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.
Атина – Имаме добри можности за напредок во пристапниот процес, бидејќи проширувањето повторно е приоритет на целата Европска Унија. Но, јасно е дека само земјите што остваруваат резултати во спроведувањето на реформите можат да одат напред.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.