Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, велат од Фондот за здравствено осигурување во врска со изјавите на СДСМ дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена.
„Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон. Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира наводите на СДСМ дека исплатата на породилниот надоместок доцни 30 дена. Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникации на ФЗО, објасни дека исплатата е континуиран процес кој трае во текот на ...