Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор му порачал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да го подржи ниту пак ќе учествува во каков било вид контранапад на Израел против Иран, соопштија денес американски ...
Познато е дека претходно Израел бомбардираше структура што му служеше на иранскиот конзулат во Дамаск. Иако не е строго во рамките на комплексот на Амбасадата, таа беше нашироко позната како истурена станица на иранската дипломатија во Сирија.
Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.
Израел и Иран синоќа во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) се обвинија меѓусебно дека се главната закана за мирот на Блискиот Исток и ја повикаа СС да воведе санкции, Израел сака да го казни Иран, а Иран сака да го казни Израел.
Иранскиот напад врз Израел внесе нова вознемиреност на нафтените пазари кои веќе беа зафатени од регионалните тензии, но аналитичари нагласуваат дека не е јасно дали е неизбежен траен скок на цените.
Како што пренесува агенцијата Франс прес, пратеникот на Израел во ОН, Гилад Ердан, побара од Советот на безбедност на Обединетите нации да ги наметне сите можни санкции врз Иран пред, како што рече да биде предоцна, како и да го осуди Иран за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на Иран врз Израел со беспилотни летала и проектили, но потсети дека на неговата земја и е потребна помош од сојузниците. Како што рече, на Украина и треба помош за да се одбрани од ...
Германската авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе ги прекине летовите кон Аман, Бејрут, Ербил и Тел Авив најмалку до понеделник. Одлуката за прекин на летовите е донесена по последните настани на релација Техеран – Тел Авив, објави Кликс.ба.
Палестинското милитантно движење Хамас им претстави контрапредлог на посредниците во преговорите за договор за размена на заложници во индиректните разговори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа, објави израелскиот весник Хаарец.
На прашањето дали Обединетото Кралство ќе го следи истиот пат како САД, односно дека нема да се вклучи во одмаздничката акција на Израел против Иран, шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон рече дека „Израел мора да размислува со своја ...
За време на денешниот самит, лидерите на Г7 едногласно го осудија нападот на Иран врз Израел, кој се случи претходната вечер. Во соопштението тие порачаа дека ќе работат на стабилизирање на ситуацијата на Блискиот Исток и ја изразија својата ...
По повеќе часови заврши состанокот на израелскиот воен кабинет, со кој претседава премиерот Бенјамин Нетанјаху, на кој требаше да одлучи за понатамошните чекори по синоќешниот ирански напад.
Единственственото лице во Израел што е тешко повредено во иранскиот напад, седумгодишно девојче, еден ден по нападот останува во критична состојба и се наоѓа во медицинскиот центар Сорока во Бершеба.
Портпаролот на германската авиокомпанија Луфтханза изјави дека нејзините летови до и од Тел Авив во Израел, Аман во Јордан и Ербил во курдскиот регион во северен Ирак се суспендирани до понеделник.
Израел има можност да формира стратешки сојуз против Иран откако неговиот масовен напад со беспилотни летала и ракети беа заеднички одбиени, изјави во неделата израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Израелскиот претседател Исак Херцог во интервју за „Скај њуз“ изјави дека Израел по синоќешниот напад на Иран „ги разгледува сите опции“. – Ова е објава на војна. Сега, бидејќи сме воздржани и затоа што ги знаеме последиците, и затоа што ...
Бајден, кој го прекина патувањето во Делавер и се врати во Вашингтон за да се сретне со советниците за нападот во саботата доцна навечер, во соопштението објавено од Белата куќа рече дека американските сили и објекти не биле погодени Американскиот ...
Активностите на Иран, како и руските, се закануваат да предизвикаат поголем конфликт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој повика на напори за спречување на понатамошна ескалација на Блискиот Исток.
Командоси на Иранската револуционерна гарда зазедоа товарен брод што се поврзува со Израел во Ормускиот Проток, неколку дена откако Иран се закани дека ќе ја затвори областа за бродски сообраќај.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолахиан истакнаа дека ескалацијата на ситуацијата и „провокативните дејствија“ може да ја зголемат тензијата на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство ...