Првиот снег денеска пристигна и во Скопје. Снежни врнежи беа забележани и во главниот град, а бела снежна покривка се формираше на Водно. Снегот донесе вистинска зимска атмосфера во Скопје, по студеното време што ја зафати земјава во текот на викендот.
Откако падна првиот снег, скопјани масовно се упатија кон Водно. Фотографиите на „Фокус“ сведочат за денешните гужви на Средно Водно. ФОТО: Маја Терзиова
Во текот на изминатава ноќ и денешниот ден, на повеќе места во земјава, вклучително и во главниот град Скопје, падна снег. Поради тоа, екипите на зимската служба на Град Скопје веќе превентивно интервенираат на градските сообраќајници. ФОТО: Томислав Георгиев