Полицијата денеска постави кордон на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир и на улицата „Св. Јоаким Осоговски“, со цел да ја гарантира безбедноста на граѓаните за време на најавениот протест во Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Жителите од Крива Паланка и околните села денеска протестираа барајќи безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на околу 1.000 крави кои неконтролирано шетаат низ градот и предизвикуваат сериозни штети.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, ќе одржи прес-конференција посветена на надминувањето на проблемот со кравите во општина Крива Паланка. Прес-конференцијата ќе се одржи во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и ...
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска се одржа координативен состанок со претставници на надлежните институции и Општина Крива Паланка, посветен на усогласување на заедничките чекори за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на ...