Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека случајот со неговиот обезбедувач кој заврши во притвор по напад врз сопругата е доказ дека, за разлика од минатото, сега законот важи за сите, нагласувајќи дека не толерира недисциплина во безбедносните ...
Против него ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде изречена мерка за отстранување од работното место. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р.
Постапувањето на надлежните државни органи е доказ дека нема заштитени лица, за разлика од претходни практики, кога слични случаи не беа санкционирани – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Член на поширокото обезбедување на премиерот добил притвор од осум дена поради семејно насилство, Станува збор за лицетото Р.Р. (39), а во полицијата го пријавила сопругата (37) на 2. мај, откако била физички нападната во нивниот сеемен дом.