Повеќе од 140 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра, треба да им бидат вратени на над 26.000 граѓани во Македонија, откако Државниот пазарен инспекторат утврдил незаконска наплата на трошоци за опомени и известувања за доцнење со отплатата на брзите кредити.
Повеќе од 26.000 граѓани низ Македонија ќе добијат поврат на над 140 милиони денари, кои незаконски им биле наплатени од финансиските друштва за брзи кредити. Ова го соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, посочувајќи дека надзорот ги опфатил сите 27 лиценцирани ...
По целосна обработка на документацијата од страна на Државниот пазарен инспекторат, донесени се инспекциски мерки, решенија со наредба до финансиските друштва, кои се обврзани да им вратат на потрошувачите незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, ...