Британски истражувачи ќе спроведат најголемо истражување од ваков вид во светот за да утврдат дали вештачката интелигенција може да ги открие туморите во рана фаза и да го забрза дијагностицирањето. Проектот е поддржан со 10 милиони фунти од британската влада.
Научниците развија протокол заснован на невронска мрежа, кој ги забрзува пребарувањето и изборот на перспективни соединенија за развој на лекови против рак за повеќе од 50 пати, соопшти прес-службата на универзитетот.