Досега претворале автомобили во печки за пица, вградувале ражни за печење месо или ги пренаменувале автомобилите во мобилни барови. Сепак, еден колекционер отиде многу подалеку, нарачувајќи Hummer со доволно простор за кујна, тоалет и пространа дневна соба.
Кујна, тоалет и простран дневен престој обично се дел од куќа, но во овој случај се сместени во необичен „Хамер“. Возилото H1 X3 е изработено за емиратскиот колекционер Хамад ал Нахјан, познат како „Шеикот на виножитото“.