Бројот на банкроти во Германија повторно се зголеми во август, според најновите официјални бројки од германската статистика, јави ДПА. Германските судови регистрирале 2.067 барања за банкрот, објави Федералниот завод за статистика Дестатис.
Бројот на германски фирми кои поднеле барање за банкрот продолжи да расте во август, соопшти Дестатис во петокот. Надлежните судови примија 2.067 барања за поведување стечај, односно 4,4 проценти повеќе отколку во август 2025 година.