БАНКРОТИРАЊЕТО РАСТЕ Бизнис-кризата во Германија продолжува да зема замав. Бројот на компании што завршуваат во стечај повторно бележи раст, покажуваат најновите податоци на германскиот Федерален завод за статистика (Дестатис), пренесени од ДПА.
Бројот на германски фирми кои поднеле барање за стечај продолжи да расте во август, соопшти Дестатис во петок. Надлежните судови примиле 2.067 барања за поведување стечај, односно 4,4 проценти повеќе отколку во август 2025 година.
Бројот на компании во Германија кои побарале банкрот продолжува да расте. Во август годинава германските судови регистрирале 2.067 барања за отворање стечајна постапка, што е зголемување од 4,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Германските судови од јануари до август годинава регистрирале 17.252 барања за стечај на компании, што е зголемување од 6,6 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика — Дестатис.