Бројот на случаи со остеопороза е во пораст на глобално ниво, главно поради продолжувањето на животниот век и зголемувањето на возрасната популација, изјави Марта Фотева од Универзитетска клиника за ортопедски болести.
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ги посети просториите на Клиниката ТОАРИЛУЦ во Мајчин дом, каде е обезбеден нов најсовремен апарат дексаскен, наменет за навремена дијагностика и следењето на остеопороза.
Бројот на случаи со остеопороза е во пораст во целиот свет, затоа што животниот век се зголемува, а како што стареат луѓето коските се повеќе попуштаат. Ова е бум во епидемијата со остеопороза, затоа што како што расте бројот на возрасно население ...