Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно ги демантираше медиумските извештаи дека неговиот помал син, кој посетува настава во училиштето „Димо Хаџи Димов“ каде што пред неколку дена имаше труење, бил хоспитализиран и во тешка состојба.
Антониј беше дел од таа група на дечиња на кои им се случи тоа што се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други дечиња.
Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е меѓу затруените ученици со храна во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Марија Митева, портпаролката на Владата.
Либертас - iNFOMAX - 365 - Прва Скопска