Либиската морнарица го спасила екипажот на трговски брод што пловел под малтешко знаме. Бродот бил погоден крај Бенгази вечерва, неколку часа по експлозијата на руската корвета „Меркуриј“ во тамошната поморска база.
Експлозија на руски брод, закотвен во поморска база во Бенгази, источна Либија, најверојатно е предизвикана од напад со беспилотни летала. Ова го соопштија властите во источниот дел на земјата, повикувајќи се на прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот, кој се случил рано ...
Во последните 24 часа, украинските сили нападнаа руски воени бродови и воени товарни бродови од Финскиот Залив во северна Европа до либискиот брег во Медитеранот, со што војната меѓу Русија и Украина практично стана глобална.