Ученик на 17-годишна возраст утрово пукал со малокалибарска пушка во техничко училиште во српскиот град Крагуевац, при што повредил две хигиеничарки. Полицијата соопшти дека го уапсила напаѓачот и дека останатите ученици и наставници се безбедни.
Крвавото утро во Првото техничко училиште во Крагуевац повторно отвори стара, болна рана во српското општество: сè додека огнено оружје е лесно достапно во семејните домови, ниту една училница или ходник во училиштето не е безбеден, пишува српски Телеграф .
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од местото на пукањето во Првото техничко училиште во Крагуевац, каде што утринава беа повредени две лица. Пред училиштето има голем број полициски службеници, а на лице место се наоѓаат и полициски возила.
Седумнаесетгодишен ученик е уапсен откако утрово пукал со малокалибарска пушка во холот на Првата техничка школа во Крагуевац, Србија. Во инцидентот се повредени две лица, а ниту еден ученик не е повреден, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Колегиум - Вечер Прес - Трн