Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за ...
„Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, секоја година за судството се одвојуваат 0,39% од БДП, што е повеќе од Франција ...