„Ендокардитот за многу кратко време му ја оштети аортната валвула на малиот Николај до степен што му го загрози животот. На операцијата успеавме да ја реконструираме и да ја зачуваме. Овие фотографии засекогаш ќе ми останат како спомен на деновите кога се боревме за неговиот ...
Грижата за пациентот не завршува во операционата сала, а тоа го покажува и детскиот кардиохирург проф. д-р Владимир Чадиковски, кој сподели фотографии од закрепнувањето на 20-месечниот Николај, по тешката операција на срцето.