Од вторник, 24 ноември, во 00:01 часот, литар дизел ќе чини најмногу 88,50 денари, наместо досегашните 92 денари. „Еуросупер БС-95“ поевтинува од 84 на 82 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ од 86 на 84 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот! Од Регулаторна кажуваат дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата ќе се намалат во просек за 2.28%. Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар.
Цените на суровата нафта на светските берзи бележат значително намалување, но состојбата со дизелот останува сложена. И покрај поевтинувањето на нафтата, ограниченото снабдување со дизел на меѓународните пазари продолжува да создава неизвесност за транспортниот сектор, ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на горивата во Македонија, по минатонеделното намалување на цените на бензините и дизелот. Новите цени, доколку бидат утврдени, ќе почнат да важат од утре, 24 ноември.