Вера фон Лендорф , во модниот свет позната како Верушка, почина на 87-годишна возраст . Таа беше една од првите вистински супермодели во светот и муза на познатиот американски фотограф Ричард Аведон, пишува „Телеграф“.
Пред Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Линда Евангелиста постоеше Верушка. Германската грофица, која стана една од првите светски супермодели и засекогаш го промени начинот на кој ја доживуваме модната фотографија, почина на 87-годишна возраст.