Автомобил во кој се наоѓале две лица заглавил во надојдените води на реката Пчиња, поради што во спасувањето учествувала Противпожарната служба на Старо Нагоричане. Според пожарникарите, инцидентот се случил утринава околу 7 часот, покрај безенот со ...
ТППЕ Старо Нагоричане објави информација дека утрово учествувале во акција за извлекување на две лица кои биле заглавени во близина на бањата во с. Строновац. ТППЕ Старо Нагоричане интервенирало со возило и двајца пожарникари.
Екипите на водостопанство „Кумановско-липковско поле“ и на јавните претпријатија од Старо Нагоричане и од Куманово сè на терен и ги расчистуваат наносите од дрвја, гранки, смет кај мостовите во оваа општина.
Реката Пчиња се излеа од своето корито во селата Пелинце и Стрновац, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово. Од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека реката Пчиња се излеала од своето корито за околу 20 сантиметри на подрачјето на селото Пелинце – Старо Нагоричане, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац.