Бруно Фернандеш го постигна најчудниот гол оваа сезона во Лигата на шампионите, но специјализираните емисии на угледните телевизии открија и нов детаљ по крајот на натпреварот во Лисабон кој заврши со резултат 2:2, бидејќи токму Португалецот бил оној кој ненамерно „ископал“ ...
Манчестер јунајтед направи пресврт и води со 2-1 на гостувањето кај Спортинг Лисабон, а Португалците посебно ги боли што двата гола беа дело на нивниот поранешен фудбалер. Бруно Фернандеш од 2017 до 2020 играше за Спортинг, по што направи трансфер во Јунајтед.
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, беше во центарот на вниманието на драматичниот натпревар од 5-то коло на Лигата на шампионите против својот поранешен клуб Спортинг Лисабон, кој на крајот заврши без победник (2-2) на стадионот „Жозе Алваладе“.
Спортинг Лисабон води 1-0 по првото полувреме на дуелот со Манчестер јунајтед, а стрелец беше Луис Суарез од пенал. Она што се случи во Лисабон ретко се гледа. Во рок од три минути беа досудени два пенали за Спортинг.
