Поранешниот воен командант Насер Ориќ е уапсен во вторникот претпладне, 24 ноември, на подрачјето на Олово, на 40 километри од Сараево, потврдија за Радио Слободна Европа од Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА).
Насер Ориќ, поранешен командант на силите на Армијата на Босна и Херцеговина во областа на Сребреница, беше уапсен денес во областа Олово, како дел од голема полициска операција што се спроведува низ цела Босна и Херцеговина.
Пет лица, меѓу кои поранешната пратеничка Николина Шљивиќ и поранешниот воен командант Насер Ориќ, се приведени во полициската операција „Емисар“, насочена против организирана криминална група во Босна и Херцеговина, соопшти централната телевизија на Република Српска (РТРС).