Ако сакаме да влијаеме врз иднината, мора да работиме на сегашноста и да им овозможиме на младите активно да учествуваат во процесите на одлучување и креирањето политики, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова на средбата со млади во Охрид.
Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид.