Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од дожд во текот на денешниот ден, и предупредува дека пообилни ќе бидат во источните делови од земјата (над 35 литри на метар квадратен). На повисоките места се очекуваат и врнежи од снег.
Издадено „жолто“ ниво на предупредување од поплави од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредувањето е издадено поради постоење на потенцијална опасност од излевање на реките по обилните дождови кои ја зафатија Македонија.
Целата територија на земјата влезе во жолта фаза поради обилни врнежи од дожд, проследени повремено со силни јужни ветрови и услови за поплавување како резултат на пороен дожд, за кој се очекува да надмине 25 литри на квадратен метар.