„Не можеме да зборуваме за владеење на правото кога граѓаните имаат ограничен пристап до општите правни прописи на државата, а оваа апсурдна состојба е показател за ниската правната и политичката култура во државата.
Слободниот и бесплатен пристап до законите и прописите е уставно право на сите граѓани и основен услов за владеење на правото, затоа е потребно граѓаните да имаат бесплатен пристап до Службен весник, каде што се објавуваат сите измени на законите, одлуки на Владата и Собранието ...
Бесплатен пристап до електронските изданија на Службениот весник и за тековната година, а не само за архивата, бара Центарот за управување со промени (ЦУП) со иницијатива за законски измени поднесена во Министерството за правда.
Центарот за управување со промени (ЦУП) предлага законски измени со кои граѓаните, бизнисите, медиумите и институциите би добиле бесплатен електронски пристап до сите изданија на „Службен весник“, вклучително и до оние од тековната година.