Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, надлежните служби од раните утрински часови активно ја следат состојбата на терен и интервенираат каде што е потребно.
Обилните дождови во текот на ноќта предизвикаа најголема криза во Кичево, каде состојбата наложи итна евакуација на населението. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), околу 100 лица морале да ги напуштат своите домови.
Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи заклучно со 21 часот синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделство земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на дел од патиштата.
Во Охрид се пријавени поплави во подруми, гаражи и дворови на повеќе локации, а за состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пристигнатите пријави Oбилните врнежи од дожд што ја зафатија ...