Лидерите на Европската Унија не успеаја да постигнат договор за повеќегодишниот буџет за периодот од 2028 до 2034 година, и покрај интензивните преговори на самитот кои траеја повеќе од 12 часа, пренесува „Еуроњуз“.
Самитот на ЕУ во Брисел заврши без договор за долгорочниот буџет. Лидерите на Европската унија не успеаја да постигнат консензус за две клучни прашања: долгорочниот буџет на ЕУ за периодот 2028–2034 година и обезбедувањето нов заем од 45 милијарди евра за Украина.
Лидерите на 27-те земји на Европската Унија се состанаа во четвртокот во Брисел за да се обидат да најдат заедничка основа за финализирање на повеќегодишниот буџет на Унијата, но по состанокот црвените линии се чини дека се продлабочија меѓу главните спротивставени табори.
Европскиот совет не успеа да постигне договор за буџетот до 2034 година на вонреден состанок во Брисел, што почна вчера. – Не постигнавме договор, изјави претседателот на институцијата, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, ...
Унгарија нема да го прифати предлогот за следниот седумгодишен буџет на Европската Унија доколку неговата примена значи зголемување на финансиските придонеси на земјата, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар во Брисел.