Од утре, недела 11 јануари ќе може да се скија на Попова Шапка, соопштија денес од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег деновиве, имаше доволна снежна покривка за да се подготват скијачките патеки.
Снегот, кој неколку дена по ред паѓа на Шар Планина, конечно создаде поволни услови за скијање и други зимски спортови. На Попова Шапка има над 30 сантиметри снежна покривка, која создаде услови денеска и официјално да биде отворена зимската ...
Ски-лифтовите ќе работат од 08:45 до 15:00 часот, а сезонските билети ќе може да се купат директно на билетарата. Ски Центарот Попова Шапка официјално ја отвора зимската сезона 2026 утре, во недела, на 11 јануари, со подготвени патеки, доволно снег ...