Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретна со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска.
Муцунски на средбата со својата бугарска колешка во Хелсиборг ги реафирмирал позициите на Владата, укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска се реализираше првата средба на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова.
Европската интеграција на Северна Македонија зависи од спроведувањето на европскиот консензус од јули 2022 година. Бугарија категорично се спротивставува на обидите на Северна Македонија да ги заобиколи или повторно да ги преговара.