Во 2027 година државата ќе треба да обезбеди 124,6 милијарди денари, односно околу две милијарди евра, за отплата и рефинансирање на постојните долгови. Истовремено, во буџетот ќе недостигаат уште 45 милијарди денари за покривање на планираните расходи.
Ќе има пари и за автобуси и амбулантни возила, уверува министерката за финансии. Таа вели дека сакаат реално да ги прикажат капиталните инвестиции, а не како во минатото. Но, потенцира дека неизвесноста за наредната година е голема.
Приходната страна на Буџетот во 2027 година е многу внимателно проектирана заради глобалната неизвесност, но и во такви услови во Буџетот има предвиден раст на платите, пензиите, повеќе средства во судството, како и за реализација на капитални проекти.
Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината согласно сегашните проекции би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од ...