Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната хигиена, безбедното ракување со храна, спречувањето на глодари и инсекти и внимателното следење на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата со обилните врнежи заклучно со 8 часот изутрината соопштува дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државава.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес упати повик до граѓаните во пределите зафатени од надојдена вода да внимаваат на сигурноста на прехранбените производи, водата за пиење, како и на здравјето и благосостојбата на добитокот.