TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Украина ја отфрли новата понуда на Трамп за територијални отстапки

Проверено - пред: 4 часа

Украина го отфрли новиот американски предлог за корекција на границите, презентиран од американската страна во обид да се обноват мировните преговори со Русија. Според „Телеграф“ , претставници на Доналд Трамп предложиле територијален компромис во кој Русија би добила контрола ...

Трамп откри што е најголемата пречка за мир во Украина: Никој не беше построг кон Русија од мене

Вечер - пред: 18 часа

Трамп во телевизиската емисија на Си-Би-Ес „60 минути“ изјави дека најголемата пречка за мир, поради што таков договор сè уште не е постигнат, е омразата меѓу украинскиот и рускиот претседател, Володимир Зеленски и Владимир Путин. „Тоа беше омразата меѓу Зеленски и Путин.

Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла

Макфакс - 09.11.2026

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека мировниот договор би можел да резултира со промена на границите на Украина.

Путин ја напаѓа Украина веќе речиси 5 години; Трамп: Зеленски покажа големо непочитување

Кајгана - 09.11.2026

Во интервју за емисијата „60 Minutes“, претседателот Доналд Трамп изјави дека ја смета „омразата“ помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин за една од главните пречки за решавање на војната во Украина.

Трамп навести територијални промени за Украина по војната

Рацин - 09.11.2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната во Украина наскоро да заврши и навести дека евентуален мировен договор со Русија би можел да донесе територијални промени за Украина. Изјавата доаѓа пред разговорите на делегациите на САД, Украина и Русија, ...

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Вечер - 09.11.2026

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Песков: Украина е поинаква држава, во географска смисла

Фокус - 09.11.2026

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, во географска смисла, Украина веќе станала поинаква држава. Неговиот коментар уследи по сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека мировниот договор би можел да резултира со промена на границите на Украина.

Трамп: Украина ќе има поинаков облик по војната

Фокус - 09.11.2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Русија, Украина ќе има „поинаков облик“. Оваа изјава доаѓа во пресрет на предложениот трилатерален самит со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Трамп предупредува на територијални промени во Украина: Може да има поинаква форма

Во Центар - 09.11.2026

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека територијата на Украина би можела да се промени како дел од евентуален мировен договор со Русија. „Мислам дека ќе го завршиме тоа и Украина ќе биде во малку поинаква состојба“, рече Трамп во интервју за емисијата „60 минути“ на ...

Трамп со контроверзна изјава: Украина ќе има поинаков облик по завршувањето на војната

Press24 - 09.11.2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина најверојатно ќе остане слободна и независна земја по завршувањето на војната, но со „малку поинаква форма“, со што алудираше на можни територијални промени и прилагодувања на границите.