Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската појава на магла се очекува во претпладневните часови, пред сѐ по одделни котлини. Ќе дува слаб променлив ветер.
Утрово во државата се измерени ниски температури, кои во поголем дел од земјата се движат од -1 до 5 степени Целзиусови. Најстудено беше во Тетово, Битола и Берово со -1 степен, додека 0 степени се измерени во Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, ...