ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од шефот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Ислам Абази откако вчера Обвинителството соопшти дека поради недостиг на докази ја соприра истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција се осврна на, како што го нарече, обвинителскиот скандал познат како „Мазут“ со затворање на предметот за осомничени за криминал тежок 167 милиони евра.
Високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, веќе втор ден, излегува на говорници за да испрати жестоки обвинувања до шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, и да ја поткопа ...
Одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре постапката за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, премиерот Христијан Мицкоски ја примил со „шок и неверување“.